Сара Шестрем го надмина Фелпс и сега е најтрофејна на Мундијалите

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]

Шведската пливачка Сара Шестрем стана најодликуваната во историјата на светските првенства за водни спортови, без разлика на полот и без разлика на бојата на медалот, важно е само да се во поединечна категорија.

Таа денеска стигна до златото на 50 метри слободно, што е нејзин 21. медал во кариерата од светските првенства, 12. златен. Со тоа го надмина Мајкл Фелпс, кој досега важеше за најтрофеен на пливачките мундијали со вкупно 20 медали (од нив 15 златни и пет сребрени). 

Шестрем, која е веќе 29-годишна, на СП во Фукуока дојде со 19 индивидуални медали (10 златни, шест сребрени и три бронзени), по што успеа двапати да стигне до титулата, на 50 метри пеперутка и на 50 метри слободно. Патем, во второво финале, денеска исплива 23 секунди и 62 стотинки, само еден стоти дел од секундата побавно од светскиот рекорд што го постави во полуфиналето. На целата колекција има додадено само еден екипен, сребрен од штафетата на Шведска на 4х100 метри мешано, во Казан, во 2015 година. 

На ова Светско првенство, Фелпс беше поминат и од една друга девојка, неговата сонародничка Кејти Ледеки и тоа по бројот на златни медали на светските првенства, повторно не сметајќи ги штафетите, односно само поединечни. Ледеки освои два за да дојде до 16, а Фелпс има 15.

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Зендеја го најави враќањето на „балон-здолништата“ во мода

На крајот од Модната недела во Париз, и Зендеја...

Моника Белучи пред својот 60-ти роденден позираше само со бела кошула и високи потпетици

Актерката Моника Белучи (59) неодамна повторно е во центарот...

Селена Гомез за статусот милијардерка: Благодарна сум, но невкусно е да се зборува за пари

Селена Гомез неодамна постигна уште еден голем успех во...

Ќерката на Брус Вилис објави фотографии со својот татко: „Многу го сакам овој човек“

Ќерката на Брус Вилис, Талула Вилис, на социјалните мрежи...