Санторо со големи комплименти за Синер: Тој доминира како Федерер и Ѓоковиќ

Date:

Јаник Синер на идеален начин на отвори новата календарска година и тоа со славје на првиот грен слем за 2025-Австралија Опен.

Италијанецот уште еднаш потврди дека е најдобар играч на светот, ас кој во моментов е над колегите кои дефинитивно ќе мора да го кренат нивото на игра ако сакаат да бидат конкуретни и му застанат на патот на Синер кој во Мелбрун дојде до третиот пехар на најважните турнири во белиот спорт.

Фабрис Санторо во еден период беше меѓу најдобрите француски тенисери, освојуваше титули, ама и триумфираше во двојки, мешани двојки, Дејвис Купот, односно знае што значи да се биде успешен, па според него Синер доминира како Рожер Федерер и Новак Ѓоковиќ.

-Интензитетот кој го вложува во секој удар. Кога почнува да греши, малку се оддалечува од основната линија, но раката сепак брзо се движи. Во основа никогаш не успорува. Се држи како Ѓоковиќ, се брани како него, но во сето тоа е по „насилен“ од Ѓоковиќ. Тој продолжува да ја удира топката.

-Последен пат Синер загуби меч без освоен сет во ноември 2023 година против Ѓоковиќ на завршниот Мастерс. Лани кога губеше на слемови секогаш се играше петти сет, а на другите турнири трет. Тој никогаш не го напуштил теренот во последните 14 месеци без да земе сет. Тоа е на ниво на голема доминација на Федерер од 2004 до 2006 година или на Ѓоковиќ во 2011 година, -истакна Санторо.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Грчката заедница во Австралија има проблем со името на фудбалскиот клуб „Престон Македонија“

Одлуката на ИП Австралија, австралиската владина агенција за интелектуалната...

Познати саатниците за мечевите од кошаркарскиот Куп на Македонија во Гевгелија

Македонската кошаркарска јавност од утре па до недела во...

Страстите зовреа, Дукуре и Џонс се степаа по дербито на Ливерпул

Големите градски дербија меѓу Евертон и Ливерпул секогаш носеле многу тензија, агресивна игра...

Муцунски се сретна со австралиската министерка за надворешни работи, Пени Вонг

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски,...