Самоодбрана, наместо убиство: Се бара промена на квалификацијата на делото за 36-годишната жена која го уби сопругот и свекорот

Date:

Одбраната на 36-годишната жена, која во Кратово го уби сопругот и свекорот, бара промена на квалификацијата на делото, тврдејќи дека се работи за самоодбрана, пишува МРТВ.

Тие укажуваат дека постојат докази кои потврдуваат дека жената била жртва на насилство со години.

Според одбраната, не се согласуваат со обвинението на Јавното обвинителство во Куманово, кое ја квалификува ситуацијата како убиство со умисла.

Бранителот Георгиевски истакнува дека доказите од истрагата покажуваат дека се работи за самоодбрана, наведувајќи дека постои опсежна документација која докажува дека жената долго време трпела физичко и психичко насилство во семејството.

Има обемна документација која вклучува докази за семејното насилство, учество на органите на редот, времени мерки за заштита, медицинска документација и стручни мислења за повреди стекнати за време на бракот. Нашите стручни лица потврдуваат дека ситуацијата не е класично двојно убиство, како што тврди ОЈО Куманово, туку е случај на нужна одбрана, изјави Христијан Георгиевски.

По барање на одбраната, обвинетата е под домашен притвор, а децата се згрижени кај роднини. Тимови од Центарот за социјални работи во Кратово работат со децата, кои исто така биле жртви на семејно насилство.

Обвинението против жената е веќе на сила, а назначен е Судски совет во Основен суд Куманово. Првата главна расправа се очекува да се одржи наскоро.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Пчела со ѓаволски рогови пронајдена во Австралија, ја нарекоа „Луцифер“

Австралиските научници открија нов вид на домородна пчела со...

Токио протестира поради повикот на Кина да не се патува во Јапонија

Јапонија денеска издаде дипломатски протест до Кина, кои ги...

„Марш за ангелите“ во Скопје пред почетокот на судскиот процес

Правдата и вистината да излезат на виделина, кој се...

Сопругата на Андреј од ДНК до пратениците: Утврдете кои институции задоцнија

Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на пејачот Андреј Ѓорѓиески од ДНК,...