Актерката Ким Катрал е едно од заштитните лица на новата модна кампања на брендот „Скимс“ на ријалити ѕвездата Ким Кардашијан.

Со овој моден едиторијал, 67-годишната актерка покажа дека сѐ уште изгледа одлично.

Поранешната ѕвезда на серијата „Sex and the City“, која доживеа светска слава со ликот Саманта Џоунс, позираше пред објективот на Ванеса Бикрофт и ја покажа фантастичната линија во неколку бодија и фустани од новата колекција на „Скимс“, искомбинирани со црни високи потпетици.

Цените на овие парчиња се движат од 60 до 80 долари.

Нејзиниот изглед на фотографиите е, пред сѐ, природен, дополнет со нежна шминка и лежерна, брановидна фризура.

Покрај Катрал, во кампањата учествуваат и пејачката Нели Фуртадо, актерката Хари Неф, пејачката Коко Џонс и актерката Лана Кондор.

Реакциите на следбениците на брендот на Инстаграм се многу позитивни, а на многумина најголем впечаток им остави токму Ким Катрал.

„Ова е совршено“, „Одлуката да ја вклучите Ким во кампањата е одличен чекор“, „Ким е икона. Секогаш била и ќе биде прекрасна“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.