Актерката Салма Хајек (56) на Инстаграм објави фотографии од одмор.
За време на викендот таа уживала на базен со својот сопруг Франсоа-Анри Пино.
„Уживав во прекрасниот благослов на сонцето, водата и љубовта“, напишала Салма во описот на објавата.
Таа позираше во розов костим за капење, а нејзините следбеници во коментарите напишаа дека е „една од најубавите жени на светот“. Објавата на актерката собра повеќе од милион лајкови.

Инаку, Салма и францускиот бизнисмен Франсоа се во брак од 2019 година. Двојката ја има 15-годишната ќерка Валентина Палома Пино.

