Салма Хаек и нејзиниот сопруг Франсоа-Анри Пино присуствуваа на вечерата што ја приреди Емануел Макрон во чест на посетата на Џо Бајден.

57-годишната актерка за оваа пригода носеше тантелна креација. Таа малку ја навиткала косата, а комбинацијата ја комплетира со црна ташна и црвен кармин. Таа спремно им позираше на фотографите со својот сопруг.

Покрај Салма и Франсоа, меѓу познатите гости беа и модниот дизајнер Фарел Вилијамс, актерката Беренис Бежо и Џон Мекинро со сопругата Пети Смит.

Инаку, Салма Хајек е 15 години во среќен брак со Франсоа-Анри Пино. По повод нивната 15-годишнина, актерката на Инстаграм објави досега невидени фотографии од нејзината венчавка во април 2009 година, која се одржа во Венеција.

„Нема зборови да се опише благословот да се најде мојата сродна душа. За сите вас кои ја пронајдовте својата сродна душа, никогаш не земајте го животот здраво за готово.“, напиша таа во описот.