Потребно време за приготвување: 45 мин.
Салатите се секогаш добредојдени на нашата трпеза, особено налето, кога високите температури изискуваат лесен и хранлив оброк.
Состојки:
- 200 г тестенини орзо (во облик на ориз)
- 200 г пилешко бело месо
- 1 помал страк праз
- 50г пченкаод конзерва
- 150 г маринирани шампињони
- 50 г несолени кикиритки
- мешавина суви зачини
За преливот:
- 150 мл мајонез
- 200 г павлака
- 1 лажиче сенф
Приготвување:
Тестенините се варат, а потоа се цеди вишокот течност.
Пилешкото бело месо се вари со мешавината од суви зачини. Се цеди вишокот течност и се остава да се олади, а потоа се сечка на коцки.
Празот се чисти и се сечка на коцки, маринираните шампињони на ливчиња, а кикиритките се мелат во блендер.
Во поголем сад се соединуваат варените тестенини, сечканото пилешко месо, празот, пченката, маринираните шампињони и мелените кикиритки.
Во посебен сад се соединуваат мајонезот, павлаката и сенфот, па добро се меша и се прелева преку состојките во садот.

Полека се промешува со лажица.
Приготвената салата се остава во фрижидер да се олади до послужувањето.



