Сакраменто и по вторпат го победи Голден стејт, овојпат со 114-106 и поведе со 2-0 во серијата, втора победа забележа и Филаделфија над Бруклин, славеа со 96-84.

Сакраменто максимално ја искористи предноста на домашен терен во воведните натпревари од серијата против Голден стејт и забележа две победи.

Во синоќешната победа клучна беше втората четвртина која ја добија со 41-29. Тука ја создадоа предноста која ја одржаа до крај за победа од 114-106.

Фокс и Сабонис постигнаа по 24 поени, најдобар кај Голден стејт беше Стеф Кари со 28. Следните два меча се играат на теренот на Голден стејт.

И Филаделфија поведе со 2-0 против Бруклин откако го доби вториот меч со 96-84. Максеј со 33 поени беше најефикасен во домашниот тим, Џонсон постигна 28 поени за Бруклин.

Резултати: Филаделфија – Бруклин 96-84 (2-0), Сакраменто – Голден стејт 114-106 (2-0).