САД следната година ќе ја испратат првата подморница на нуклеарен погон во Австралија

Date:

Пентагон ја одреди подморницата „Колорадо“ како прва американска напаѓачка подморница на нуклеарен погон што ќе се приклучи на ротационите сили стационирани во Западна Австралија.

Ова е дел од трилатералниот одбранбен пакт АУКУС, во кој учествува и Обединетото Кралство.

Подморницата од класата „Вирџинија“, долга 115 метри и вооружена со ракети и торпеда, ќе заплови кон својата нова база во Австралија кон крајот на следната година, соопштија денеска американски претставници. Ова распоредување претставува „важен чекор“ во изградбата на заеднички капацитет за одвраќање за САД, Австралија и Обединетото Кралство во регионот на Пацификот, наведоа трите сојузнички земји во заедничко соопштение.

Пактот АУКУС, кој се смета за одговор на зајакнувањето на воените капацитети на Кина во регионот, има за цел да ја опреми австралиската морнарица со флота од тешко забележливи подморници на нуклеарен погон, како и да ја продлабочи воената соработка меѓу трите нации.

„Ротационите подморнички сили – Запад“ ќе бидат стационирани во базата ХМАС „Стирлинг“ (HMAS Stirling) во Западна Австралија. Се очекува во оваа база да бидат сместени до пет напаѓачки подморници (четири од САД и една од Обединетото Кралство), со цел да ѝ помогнат на Австралија во подготовките за управување и одржување на нејзините идни подморници на нуклеарен погон.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Струга е нов лидер во ПМФЛ: Малески со мајсторија со глава ја урна Шкендија

Струга Трим Лум го доби дербито против Шкендија со...

Ландо Норис со пол-позиција во Бразил

Ландо Норис ја освои пол-позицијата за Големата награда на...

СОФИЈА НЕ ПРИФАЌА ЕВРОПСКИ МЕДИЈАТОР ВО ДИЈАЛОГОТ СО СКОПЈЕ

Нетипично е да има медијатор меѓу земја членка Европската...