САД и Македонија постигнаа Договор за фер трговија и повластена тарифа

Date:

Соединетите Американски Држави и Македонија постигнаа  Рамковен договор за реципрочна, фер и балансирана трговија за зајакнување билатерални економски односи, што ќе им обезбеди на извозниците на двете земји проширен пристап до пазарите на другите, објави синоќа Бeлата куќа.

„Договорот ќе ги зајакне нашите трговски односи, ќе ги поддржи заедничките стратешки интереси, ќе го промовира економскиот раст и ќе го продлабочи нашето трансатлантско партнерство“, се наведува во зaедничката изјава.

Според Договорот Македонија ќе ги укине царинските давачки за сите американски индустриски и земјоделски стоки извезени во земјата.

САД ќе ги одржат на 15 проценти реципрочните тарифи, како што е наведено во Извршната наредба 14257 од 2 април 2005 година, како што е изменета, за стоки со потекло од Македонија, а исто така ќе ги идентификуваат производите од листата наведена во Анекс III на Извршната наредба 14346 од 5 септември 2025 година, Потенцијални прилагодувања на тарифите за усогласени партнери, како што е изменета, за да добијат реципрочна царинска стапка од нула проценти. САД и Македонија можат да разгледаат други модификации на тарифите по склучувањето на Договорот, земајќи ги предвид трговските биланси и други соодветни фактори.

Во Договорот пишува дека САД и Македонија ќе работат на решавање на загриженоста на САД во врска со нетарифните бариери наметнати од Македонија, кои влијаат на билатералната трговија во приоритетните области.

„САД и Македонија се обврзуваат да одржат консултации за решавање и спречување на бариерите за американските земјоделски производи на македонскиот пазар.

САД и Македонија се обврзаа да ја зајакнат економската и националната безбедносна соработка за да ја подобрат отпорноста на синџирот на снабдување и иновациите преку комплементарни активности за справување со непазарни политики на други земји, како и за борба против избегнувањето на давачки и соработка во прегледите на инвестициите и контролата на извозот. Оваа обврска вклучува соработка за да се обезбеди дека меѓународните обврски за набавки ќе им користат само на оние земји кои ги презеле истите обврски.

САД и Македонија ја забележуваат својата намера да ги олеснат и подобрат трговските врски“, пишува во Договорот.

Во врска со можностите во енергетскиот сектор, според овој Договор, САД и Македонија ја земаат предвид изградбата на важен нов гасен интерконектор помеѓу Македонија и Грција, што ќе ѝ овозможи на Македонија да ја подобри енергетската безбедност и да ги диверзифицира изворите на енергија, вклучително и преку купување на американски течен природен гас (LNG). Македонија ќе почне да купува американски LNG по завршувањето на новиот гасен интерконектор.

Македонија со овој Договор се обврза да усвои и одржува високо ниво на заштита на животната средина и ефикасно да ги спроведува своите закони за животна средина.

„САД и Македонија ќе разговараат за обврските за заштита и спроведување на интелектуалната сопственост, вклучително и за географските ознаки.

САД и Македонија ќе се ангажираат за решавање на прашања поврзани со трудот.

САД и Македонија ја препознаваат важноста на обврските со високи стандарди за дигитална трговија со цел да се поттикне отворена и конкурентна дигитална економија. Македонија се обврза да не наметнува данок на дигитални услуги и да поддржи усвојување на траен мораториум на царински давачки за електронски преноси во Светската трговска организација (СТО).

САД и Македонија ја препознаваат важноста на олеснувањето на трговијата со услуги. Македонија ја потврдува својата посветеност на Заедничката иницијатива на СТО за домашна регулатива за услуги.

САД и Македонија ќе работат на финализирање на Договорот, подготовка на Договорот за потпишување и преземање на домашни формалности пред стапувањето во сила на Договорот“, се наведува во соопштението од Белата куќа.

Вчера, пред објавувањето на ова соопштение, претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски изјави дека изминатите месеци жестоко се преговарало со САД. „Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми, коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам некаде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ИЗБОР НА ЗНАЧАЈНИ ТРУДОВИ ОД РАЗЛИЧНИ ОБЛАСТИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (61)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН - ЖИВОТ И ДЕЛА“ Публикацијата...

Пановски за “криењето” на резултатите за Гостивар: Во интерес на истрагата може да умре пациент

Микробиологот Никола Пановски преку објава на социјалните мрежи упати...

На едно семејство му требаат 68. 498 денари месечно за основните трошоци

Синдикалната минимална кошница во јули изнесува 68. 498 денари...