САД ги повикаа европските држави да го блокираат заемот на ЕУ за Украина

Date:

САД лобирале кај повеќе земји членки на Европската Унија во обид да го блокираат планот на ЕУ да ги искористи замрзнатите средства на Руската централна банка како гаранција за голем заем за Украина, велат европски дипломати упатени во прашањето.

Американските официјални лица им порачале на членките дека овие средства се потребни за обезбедување мировен договор меѓу Киев и Москва и дека не треба да се користат за продолжување на војната, додаваат дипломатите, кои сакаа да останат анонимни

ЕУ неделава предложи замрзнатите средства да се користат како гаранција за заем од 90 милијарди евра (105 милијарди долари) за покривање на економските и воените потреби на Украина во следните две години. На територијата на Унијата има околу 210 милијарди евра замрзнати руски средства, а дел од нив би можел да се користи и по 2028 година.

Прес-службата на Стејт департментот не одговори на барањето за коментар.

Разговорите се водат во критичен момент за Украина, при што САД вршат притисок врз Киев да прифати потенцијално неповолен мировен договор со Русија. Украина ризикува да остане без финансии на почетокот на следната година, а администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го стопира поголемиот дел од американската помош, ставајќи го товарот врз Европа.

Американската помош за Украина речиси исчезна
Доделена државна поддршка за Украина

Вашингтон исто така ги разгледува руските средства како дел од своите предлози за овозможување мировни преговори со Москва и предложил тие да се користат за финансирање американски инвестиции во Украина по завршување на војната.

Американскиот мировен план од 28 точки е изменет откако првпат се појави минатиот месец, но средствата и понатаму се едно од клучните спорни прашања, заедно со статусот на украинските територии и обезбедувањето силни безбедносни гаранции за Киев, велат некои од соговорниците.

Европските лидери се решителни дека прашањето како да се употребат овие средства е европска надлежност, бидејќи најголемиот дел од замрзнатите фондови се држи во Европа.

„Нема никаква можност парите што ги мобилизираме да им ги препуштиме на САД“, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц во четвртокот.

„Американската влада го знае тоа, и тоа е позицијата на германската влада во преговорите“, додаде тој. „Тоа е и заедничкиот став на европско ниво. Апсолутно нема разлики во мислењата за тоа. Овие средства мора да одат во Украина – тие мора да ѝ помогнат на Украина.“

Планот на Европската Унија за користење на средствата се соочува и со отпор внатре во Унијата, особено од Белгија, каде што е сместен најголемиот дел од фондовите.

Мерц ќе отпатува во Брисел на разговори со белгискиот премиер Барт де Вевер и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, во обид да го надмине белгискиот отпор кон планот на ЕУ.

Мерц, кој е силен поборник за употреба на руските средства за помош на Украина, изјави пред новинарите дека ги сфаќа „многу сериозно“ стравувањата на белгискиот премиер и дека ќе се обиде да ги потенцира на состанокот в петок.

„Не сакам да го придобивам со убедување, туку да го уверaм“, рече тој на синоќешната прес-конференција во Берлин по средбата со германските покраински лидери. „Ако го избереме овој пат, ќе го сториме тоа со цел да ѝ помогнеме на Украина, веројатно во следните две-три години.“

Белгија тврди дека сè уште нема добиено доволни гаранции дека нема сама да го преземе трошокот доколку Москва победи во идни барања за враќање на средствата. Исто така таа предупредува дека користењето на замрзнатите фондови може да ги изложи Европа и нејзините компании на одмазднички мерки од страна на Русија.

Националниот буџет на Белгија инкасирал стотици милиони евра даночни приходи од замрзнатите средства, иако белгиските власти тврдат дека тие пари се користат за обезбедување помош за Украина.

Сегашното противење на Белгија останува главната пречка за одобрување на планот пред самитот на лидерите на Европската Унија кон средината на декември, на кој блокот ќе се обиде да ги финализира предложените мерки.

ЕУ предложи заемот да биде поддржан преку буџетот на Унијата или преку билатерални гаранции од земјите членки. Средствата би останале замрзнати, а Киев би имал обврска да го врати заемот само доколку Русија се согласи да ја финансира реконструкцијата на земјата и да ја обесштети за штетата нанесена од војната.

Покрај Белгија, против плановите е и Унгарија, а Словачка изјави дека нема да поддржи предлози што предвидуваат воена помош за Украина. За одобрување на мерките е потребно квалификувано мнозинство од земјите членки.

Европската комисија исто така ја разгледувала можноста за издавање заеднички долг доколку не може да се постигне договор околу користењето на замрзнатите средства. Но земји членки како Германија го одбиваат тој пристап, а фактот што бара едногласност го прави малку веројатен.

Извор: Блумберг Адриа

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Ќе ги уништиме сите електрани и мостови на Иран ако не преговараат, се закани Трамп

Доналд Трамп синоќа се закани дека САД ќе ги...

Мицкоски не е оптимист за Изборниот законик, поради „неодговорни и незрели политичари во опозицијата“

Премиерот Христијан Мицкоски не е оптимист дека ќе постигнат...

Ирска ги претстави приоритетите на претседателството со ЕУ – потврдена поддршката за Македонија

Конкурентноста, вредностите и безбедноста ќе бидат трите столба на...

ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА НА ГРУЕВСКИ Е ПОРАДИ ИЗМЕНИТЕ НА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК КОИ ГИ НАПРАВИЈА СДСМ И ДУИ, РЕЧЕ МИЦКОСКИ

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека ослободителната пресуда за поранешниот...