САД ВЕЛАТ ДЕКА РУСИЈА ВЕРОЈАТНО ЛАНСИРАЛА ПРОТИВСАТЕЛИТСКО ОРУЖЈЕ ВО ВСЕЛЕНАТА

Date:

САД велат дека Русија минатата недела лансирала сателит за кој верува дека е способен да напаѓа други сателити.

„Русија лансираше сателит во ниската Земјина орбита за кој веруваме дека е напаѓачко вселенско оружје. Тој се наоѓа во истата орбита како американски владин сателит. Ќе продолжиме да ја набљудуваме ситуацијата и ќе бидеме подготвени да ги штитиме нашите интереси“, изјави портпаролот на Пентагон, генералот Пет Рајдер.

Русија досега не ги коментираше овие наводи.

Портпаролот на Вселенската команда на САД кажа дека сателитот „космос 2576“ бил лансиран на 16 мај од рускиот космодром Плесетск, околу 800 километри северно од Москва, додавајќи дека тој се наоѓа во истата орбита со американскиот сателит „УСА 314“.

Москва и Вашингтон често се судираа околу прашањето за вселенско оружје во изминатите недели, при што меѓусебно се обвинуваа дека се обидуваат да ја вооружат вселената. Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова кажа дека САД се обидуваат да ја претворат вселената во арена за воен судир.

Бројни воени експерти долго време предупредуваа дека вселената веројатно ќе биде следниот фронт на војување.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Бенедикт – доручек со јајца

Потребни состојки:2 јајца2 лепчиња за бургер (или земички)4 парчиња...

Денови на хаос над европското небо поради затворање на Хитроу: Десетици летови се откажани

Патниците ширум светот се подготвуваат за денови на хаос...

Македонија има нов херој: 19-годишниот Јован од Виница спаси над 20 деца во пожарот во Кочани

Тивкиот хероj во големата трагедија. Вака на социјалните мрежи...

Се проширува листата на осомничени, првите пациенти на лекување во странство се очекува да се вратат во понеделник

Активностите на полицијата и на Обвинителството за истрагата за...