Русија ги негира наводите за прекин на тајни преговори меѓу Москва и Киев

Date:

Министерството за надворешни работи на Русија го демантираше написот на „Вашингтон пост“ за наводниот прекин на тајните преговори меѓу Киев и Москва, кои настанале поради упадот на украинските сили во областа Курск.

 – Не се точни информациите дека нападот на украинските вооружени сили на Курската област ги прекина тајните преговори меѓу Киев и Москва, кои наводно се водат со посредство на Катар – изјави портпаролката на министерството Марија Захарова, пренесе „Известија“.

 – Никој не прекина ништо затоа што немаше што да прекине. Не се водат и не се водеа директни или индиректни преговори меѓу Русија и режимот во Киев за безбедноста на критичната цивилна инфраструктура – рече таа во изјавата објавена на веб-страницата на министерството.

Според неа, безбедноста на објектите како што се нуклеарните централи Запорожје и Курск е загрозена од акциите на украинската армија. Во исто време, руските сили не напаѓаат цивилни објекти – објасни Захарова.

Таа нагласи дека кој сака вистински да ја осигура безбедноста на критичната инфраструктура мора да го охрабри режимот во Киев да се откаже од терористичките методи.

Последната рунда преговори меѓу Русија и Украина се одржа на 29 март 2022 година во Истанбул и траеше околу три часа. Киев подоцна официјално одби да стапи во контакт со Москва – потсетува „Известија“.

На почетокот на октомври истата година стапи на сила одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина за неможност за преговори со рускиот претседател Владимир Путин.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Сиљановска-Давкова со Муцунски и Љутков во петок во Софија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во петок (13 септември) ќе ја...

МАКЕДОНСКИТЕ УЧЕНИЦИ УЧАТ 900 ЧАСОВИ ПОМАЛКУ ПОД СВЕТСКИОТ ПРОСЕК

Македонија се соочува со криза во учењето и според...

БРИЖИТ МАКРОН ЌЕ СЕ ИГРА СЕБЕСИ ВО СЕРИЈАТА „ЕМИЛИ ВО ПАРИЗ“

Првата дама на Франција Брижит Макрон ќе се појави...