Русија објави дека Украина користи австралиски беспилотни летала за да напаѓа цели на руска територија и дека Австралија сѐ повеќе е вовлечена во конфликтот.

„Излегува дека австралиските беспилотни летала всушност се користат за напади врз цели во Русија“, рече портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова.

Тоа беше нејзиниот одговор на новинарско прашање за информациите објавени минатата недела во Сиднеј Морнинг Хералд, според кои Украинец користел австралиски беспилотни летала за напад на аеродром во рускиот град Курск.

Захарова ја обвини австралиската влада дека „ентузијастички придонесува за антируската кампања насочена од Вашингтон“, обидувајќи се на тој начин да ги скрие од јавното мислење „незавидните околности што укажуваат дека Австралија е сѐ повеќе вклучена во конфликтот во Украина“.