РУСИТЕ ПОБАРАА ОД ЗЕЛЕНСКИ ДА ГИ ПОВЛЕЧЕ ВОЈНИЦИТЕ ОД БАХМУТ ЗАШТО Е РЕЧИСИ ЦЕЛОСНО ОПКОЛЕН

Date:

Руските војници и платеници ги затвораат последните приоди кон Бахмут, доаѓајќи чекор поблиску до најголемата воена победа во Украина од летоска. Шефот на „Вагнер“, Евгени Пригожин, тврди дека уништениот град е речиси целосно опколен, при што на украинските сили им останува само уште достапна маршрута.

Украинците копаат ровови западно од градот, во обид да постават нови одбранбени линии, додека командирот на украинската дронска единица во градот кажа дека добил наредба за повлекување.

„Мојата единица доби наредба од војската веднаш да се повлечеме од градот во кој се бориме веќе 110 дена“, изјави Роберт Бровди.

Русија се надева дека падот на Бахмут ќе ѝ овозможи да го доврши посакуваното освојување на целиот регион Донбас, додека Украина, чии сили се во дефанзива во изминатите три месеци, вели дека градот има мало стратешко значење и тактиката беше да му се нанесат што поголеми загуби на непријателот.

Пригожин објави видео во кое го повика Володимир Зеленски да нареди евакуација на своите војници од Бахмут.

„Единиците на ‘Вагнер‘ практички го опколија Бахмут. Остана само уште еден излез од градот“, вели Пригожин.

Во изминатите денови, Киев признаваше дека ситуацијата во Бахмут е крајно тешка и тензична, но немаше најави за повлекување. Володимир Назаренко, заменик-командирот на Националната гарда на Украина, кажа дека во Бахмут се водат деноноќни борби и ситуацијата е критична.

„Ни треба муниција што е можно повеќе. Има многу повеќе Руси одошто ние имаме муниција да ги уништиме“, кажа Назаренко.

Олаф Шолц денеска ќе се сретне со Џо Бајден во Белата куќа, при што ќе разговараат за дополнителна воена помош за Украина. Вашингтон веќе најави нов пакет од 400 милиони долари, кој ќе се состои од муниција и оклопни возила.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Уште еден одличен резултат за Дарио, второ место на маратонот во Белград

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски оствари одличен резултат на...

Ѓоковиќ урна уште еден рекорд на Федерер

На АТП ранг-листата објавена денес, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ...

Лазањи со тортиљи

Кога ви треба идеја за брз ручек, запомнете го...

ATANAS BLIZNAKOV AND HIS ARRIVAL AND WORK IN THE U.S.A. – PART I (16)

THE LIFE AND WORK OF THE DONOR ATANAS BLIZNAKOV...