Холгер Руне го изненади Карлос Алкарас и ја освои титулата на АТП турнирот од серијата 500 што се играше во Барселона.
Ова беше меч во кој Алкарас влезе девет победи во низа и желба да дојде до втор пехар за две недели по оној во Монте Карло, но Руне не дозволи нов добар резултат и успеа да му зема мерка во два сета со 7-6(6), 6-2.
Во првиот сет се водеше жестока борба, двајцата играчи имаа свои моменти и на крајот се решаваше во тај-брејкот каде нијансите беа на страна на Данецот. Руне потоа го контролираше вториот сет, го користеше проблемот на противникот со повредата и со 6-2 дојде до петтиот АТП трофеј, прв по 2023 година.
Овој успех ќе го врати во Топ 10 на листата, додека пак Алкарас ќе се лизне една позиција и од втор ќе биде трет рекет на светот, односно пред него ќе биде Александер Зверев и секако Јаник Синер.