Роџер Вотерс од „Пинк Флојд“ во Советот на безбедност повика на примирје во Украина

Date:

Легендарниот британски рок музичар и соосновач на групата Пинк Флојд Роџер Вотерс се обрати вчера преку видеолинк на состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк, каде повика на моментално постигнување мир во Украина.

„Инвазијата на Руската Федерација е незаконска и остро ја осудувам. Исто така, тие имаа причина за таа акција, така што најостро ги осудувам и провокаторите кои до тоа доведоа“, кажа Вотерс.

Коментирајќи го континуираното вооружување на Киев од страна на Западот, музичарот укажа дека во светот има милијарди луѓе чии гласови не се слушаат и кои „не профитираат од бесконечната војна“ и кои се залагаат за моментален прекин на огнот.

Вотерс потсети дека „јади и греј се“ стана популарен слоган во Британија, бидејќи значителен број луѓе не можат да си ги дозволат двете, поради енергетската и економска криза која настапи по западните санкции против Москва.

„Претседателе (на САД Џо) Бајден, претседателе (на Русија Владимир) Путин, претседателе (на Украина Володимир) Зеленски, ве молам да го смените својот став веднаш. Доведете до прекин на војната во Украина денес. Тоа е само првиот чекор, но од него сè произлегува“, наведе Вотерс.

Роџер Вотерс е познат по противењето на западното снабдување на Киев со оружје поради руската „специјална воена операција“ во Украина.

Тој повеќе пати оцени дека со Украина владеат радикални националисти кои земјата ја довеле до раб на катастрофа.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

НАФТАТА ДОСТИГНА 108 ДОЛАРИ ЗА БАРЕЛ, гасот над 1.000 долари

Цените на нафтата денес се искачија над 108 долари...

Рокас: Посетата на Фон дер Лајен може да го забрза европскиот пат на Македонија

Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, најави...

Кумановец му се заканувал на Мицкоски преку пораки дека ќе го убие, обвинителството бара притвор

Триесет и деветгодишен жител на кумановското село Черкези е...