Кристијано Роналдо го одигра последниот натпревар на мундијалите во кариерата. Португалија беше елиминирана од Шпанија во осминафиналето, со што заврши уште еден обид на легендарниот напаѓач да го освои најпрестижниот трофеј во светскиот фудбал.
На 41-годишна возраст Роналдо остана без можност да се искачи на светскиот трон, но самиот вели дека не гледа на тоа како на најголемо разочарување во кариерата.
Португалецот потсети дека со националниот тим веќе освоил големи трофеи, а посебно го издвои Европското првенство од 2016 година.
„Го освоив Европското првенство во 2016 година и за мене тоа има иста тежина како Светското првенство. Тоа останува засекогаш. Утре е нов ден, продолжуваме понатаму“, изјави Роналдо.
Капитенот на Португалија потоа зборуваше за своето влијание врз репрезентацијата.
„Португалија пред Кристијано Роналдо имаше нула трофеи, а со мене освои три“, додаде тој.
Роналдо потсети на трите големи трофеи освоени со националниот тим, Европското првенство во 2016 година и титулите во Лигата на нации во 2019 и 2025 година.