„Ролинг стоун“: 10 најдобри ТВ-серии за 2023 година

Date:

Списанието „Ролинг стоун“ објави топ-листа на најдобри телевизиски серии за 2023 година. 

Меѓу нив се „Тед Ласо“, „Чудесната г-ѓа Мејзел“, „Следоред“ и „Бери“ коишто годинава ги доживеаја своите последни епизоди.

На место бр. 1 е „Кучиња од резерватот“ (Reservation Dogs), серијата на „Еф-екс“ за четворица тинејџери, Домородни Американци кои живеат во рурална Оклахома и сонуваат да живеат во Калифорнија… Но, бидејќи им требаат пари, им се препуштааат на низа ситни криминални дела во населбата каде што живеат.

На второ место е „Мечка“ (The Bear), а потоа следуваат „Следоред“ (Succession), „Покерфејс“ (Poker Face), „Последниот од нас“ (The Last of Us), „Кавга“ (Beef, оценета со совршени 100 отсто од препораките на страницата „Ротен томејтос“). Меѓу десетте најдобри се и – „Синоокиот самурај“ (Blue Eye Samurai), „Канк за Земјата” (Cunk on Earth), „Некој, некаде“ (Somebody Somewhere) и комедијата „Забавата заврши“ (Party Down).

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Што се случува со Џастин Бибер? Пејачот се прошета по бањарка, изледа неуредно и депресивно

Познатиот канадски пејач Џастин Бибер (30) повторно предизвика загриженост во јавноста...

Кевин Спејси повторно тужен за сексуално злоставување

Холивудскиот актер Кевин Спејси се соочува со уште една тужба за сексуално...

Колин Хувер се врати на „Инстаграм“ и ги избриша сите фотографии со Блејк Лајвли

Авторката на бестселерот „Завршува со нас“ Колин Хувер се...

На концерт на Шакира публиката скандира против Пике

Публиката на концертот на Шакира во Рио бурно скандирала против...