Пејачката Симона Поповска наполни 31 години, а роденденот го прослави дома заедно со нејзините два сина.

„Се чувствувам неверојатно благословено што го славам мојот прв роденден не со едно, туку со две мали, прекрасни момчиња покрај менe. Секој момент со нив е скапоцен подарок и сум благодарна за љубовта и радоста што ми ја носат во животот. За уште една година исполнета со незаборавни заеднички спомени“, напиша пејачката.

Пејачката за роденденот имала розева торта со макаронас, свеќи со бројот „31“, а веднаш до тортата кутија со подарок за докторката и пејачка. Симона за роденденот одбрала бела боја на облеката за неа и нејзините две деца.

Пејачката во 2021 година го доби првиот син, додека вториот го роди во 2022 година. Симона, по професија е доктор-дерматолог, а на музичката сцена беше активна пред да стапи во брак. Таа долго време настапуваше со диџеј Ерик Фокс, под името „Саунд месинџерс“.