За нас лично одлуката на обвинителството од Битола да се откаже од кривично гонење по службена должност на лекарите и медицинскиот персонал
кои беа вклучени во лекувањето на нашата ќерка Јана во битолската болница, не е изненадување. Напротив ние таква одлука очекувавме, особено по
добивањето на обдукцискиот наод дека лекарите не се виновни за смртта на нашето девојче. Во ваква ситуација, кога во оваа држава нема правда и по се она што го доживеавме во изминатите три месеци од смртта на нашата Јана не ни преостанува ништо друго туку да си ги спакуваме куферите и да се иселиме од
оваа држава. И тоа наскоро ќе го направиме. Ова го изјавија родителите на Јана на вечерашниот протест пред ОЈО Битола.

Тие порачаа дека се во контакт со лекари и експерти од земјава и од странство на кои има ја испратиле целокупната медицинска документација.

– Овде човек нема шанси да ја докаже вистината, а особено не против лекари
кои се исповрзани со судии, обвинители, политичари, бизнисмени… Но, тоа не значи дека ние како родители ќе се откажеме од нашите настојувања да се утврдат причините за смртта на Јана. Во наредните денови ќе се консултираме со нашите пријатели, стручни лекари и експерти од земјата и странство со кои постојано комуницираме и на кои им ја испративме целокупната медицинска документација од обдукцискиот наод и дека ќе направиме се да се утврдат причините за смртта на нашата Јана. Не знаме зошто обвинителството толку брзо се откажа од гонење на виновниците по службена должност и сега нас нѐ става во ситуација правдата да ја бараме по приватна тужба за која ќе бидеме изложени на трошоци. Ние Јана не можеме да ја вратиме, но вистината за нејзината смрт мора да се докаже и за да не ни случуваат нови такви случаи – истакнаа родителите на Јана во своите емотивни пораки на вечерашниот протест.