Популарната пејачка Ријана со стил ја започна 2025 година. Иако многумина се уште се привикнуваат дека започна новата година, музичката ѕвезда веќе размислува за Денот на вљубените.
Имено, Ријана позираше за новата колекција на нејзиниот бренд „Севиџ Икс Фенти“ во предизвикувачко издание и го привлече вниманието на многу корисници на социјалните мрежи кои ја опсипуваа со комплименти.
Станува збор за колекција за „Денот на вљубените“ наречена „Ловлајн“. На фотографиите позираше во проѕирен градник, и танга со црвена тантела. Таа ги извади розовите прамени на косата, изгледот го комплетираше со нагласена шминка и високи потпетици.
„Поклонете се. Кралицата за ‘Денот на вљубените’ пристигна“, пишува во објавата.
По ова следеа коментари од нејзините воодушевени обожаватели.
„Колку си убава“; „Жената гордо го покажува своето тело какво што навистина е. Таа не е роб на фотошоп“; „Каков почеток на годината“; „Најочекуваната колекција досега“, се некои од коментарите.




