Ријана се врати на карневалот во Барбадос

Date:

Ријана повторно беше една од главните ѕвезди на традиционалниот карневал „Гранд Кадумент деј“ во родниот Барбадос, појавувајќи се во впечатлив костим што веднаш го привлече вниманието.

Светската музичка ѕвезда им се придружи на учесниците во групата „Аура“, предводена од нејзиниот брат, и продефилира низ улиците на Барбадос во раскошна креација украсена со шарени кристали, реси, впечатлива круна и раскошни пердуви.

Костимот е дело на локалната дизајнерка Лорен Остин, која со години ги изработува карневалските изданија на Ријана.

Ова е нејзино прво појавување на карневалот по 2024 година.

„Гранд Кадумент деј“ е завршниот настан на фестивалот „Кроп овер“, со кој се одбележува крајот на жетвата на шеќерната трска во Барбадос. Фестивалот има традиција што датира од 18 век и претставува еден од најзначајните културни настани во земјата.

Ријана со години го користи овој настан не само за да ги покаже своите впечатливи модни изданија, туку и да им оддаде почит на локалните дизајнери и барбадоската мода.

Во претходните години таа носеше металик костими, креации со големи пердувести крилја и впечатлив накит со кристали, а нејзините модни избори редовно се меѓу најкоментираните моменти од фестивалот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Еурофарм Пелистер немоќен на гостувањето кај Гумерсбах во ЕХФ Европската лига

Македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Пелистер го претрпе вториот пораз...

Јорданскиот крал Абдула Втори во посета на Австралија

Јорданскиот крал Абдула Втори денеска пристигна во Австралија во...