Ријана за првата средба со партнерот АСАП Роки: Ме зграпчи за задникот

Date:

Пејачката Ријана проговори за нејзината петгодишна врска со раперот АСАП Роки, со кого има две деца, синовите Рз и Рајот. 

Нејзината прва средба со раперот се случила во 2012 година на доделувањето на MTV Video Music Awards, а сега таа раскажа како се запознала со него.

„Ме зграпчи за задникот. Тоа беше дента кога се запознавме. Мојот тим беше загрижен дека сакам да му ја ставам главата на послужавник. Помислив: Ах, не.Поради тоа сите рекоа: Боже мој. Тој ѝ се допаѓа“, раскажа Ријана. Сепак, требало да поминат години пред Ријана и Роки да бидат подготвени да стапат во врска, до 2019 година.

„Се знаеме долго време. Го гледав во врски. Ме гледаше во врски. Знаевме за што сме способни и неволјите што можевме да си ги донесеме во животот еден на друг. Можевме да се обожаваме или да си ги скршиме срцата. И така почнавме да излегуваме со многу претпазливост“, откри таа.

Таа се осврнала и на тоа како на почетокот не била сигурна дали Роки е вистинскиот. „Само дозволив да се случи што и да се случи. Тоа беше само: „Ова е цвет. Или ќе умре или ќе процвета, но ќе дозволам да се случи“, рече таа. Таа додаде дека се надева дека ќе продолжи да го проширува своето семејство со раперот: „Не знам што сака Бог, но би се согласила на повеќе од две деца“, рече таа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Познат распоредот на младата репрезентација: Прво гостување во Полска, потоа на домашен терен со Италија

Македонската репрезентација до 21 година, вчера ги доби противниците...

Алкарас изведе тениско лудило кое ќе биде кандидат за поен на годината

Карлос Алкарас не пронајде вистински противник во Андреа Вавасори...

Кирјиос: Лудилото со допингувани тенисери мора веднаш да запре!

Австралискиот тенисер со грчко потекло, Ник Кирјиос, даде изјава...

Жизел Бундхен доби трето дете, прво со седум години помладиот џиу-џицу тренер

Бразилската манекенка Жизел Бундхен (44) го роди своето трето...