Рики Мартин првпат се огласи по инцидентот на концертот во Црна Гора

Date:

Музичката ѕвезда Рики Мартин првпат се огласи по инцидентот што се случи во текот на неговиот настап во Подгорица по повод Денот на независноста на Црна Гора, кога среде концертот беше фрлен солзавец во публиката.

Иако настапот беше накратко прекинат поради паниката меѓу граѓаните, пејачот, сепак, го продолжи концертот, а сега преку Инстаграм испрати емотивна порака до публиката и им се заблагодари за поддршката.

– Црна Гора, ќе изберам да се сеќавам само на неверојатната енергија што ја почувствував од сите вас. Публиката толку топла и љубовна. Заедно ја прославивме музиката, културата и секако вашата независност. Сè уште сум под впечаток од таа неверојатна вечер настапувајќи за вас. Ви благодарам многу за поканата, ви испраќам многу љубов и сигурно ќе се вратам – напиша Рики Мартин.

Инаку, по повод инцидентот се огласи и црногорската полиција проговори, која интензивно трага по личноста што го фрли солзавецот во близина на сцената на централниот плоштад во Подгорица.

Солзавецот предизвика паника кај граѓаните, а концертот беше накратко прекинат, но набрзо продолжи.

– Синоќа околу 23 часот, во близина на сцената беше активиран рачен солзавец, што предизвика кратка паника кај граѓаните. Концертот набрзо продолжи. Службениците на секторот за криминалистичка полиција фотографираа, зедоа дел од споменатиот солзавец што беше пронајден во близина на сцената. Личноста што го фрлила солзавецот брзо ќе биде пронајдена – изјави Милан Делиќ, началник на ОКЦ, објавија медиумите во Подгорица.

Инцидентот предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, каде што многу граѓани го изразија својот шок и разочарување од настанот што ја одбележа вечерта на големата прослава.

И покрај непријатната ситуација и општата паника, Рики Мартин покажа професионализам и одлучи да го продолжи концертот за да не ја разочара публиката што дојде да биде сведок на одличен музички спектакл.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Еурофарм Пелистер немоќен на гостувањето кај Гумерсбах во ЕХФ Европската лига

Македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Пелистер го претрпе вториот пораз...

Јорданскиот крал Абдула Втори во посета на Австралија

Јорданскиот крал Абдула Втори денеска пристигна во Австралија во...