ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“
Се чини дека меѓу лексикографското творештво моите изданија имаат посебно зачење, а тоа се речниците во слики за деца и тоа: „Ајде да учиме англиски и герман-ски“ и „Ајде да учиме англиски и француски“ (1997) (на француски и германски; потоа „Ајде да учиме македонски, англиски и турски“, со коавторката Исние Шабан; „Ајде да учиме македонски, англиски и албански“, со Лирија Реџепи; „Ајде да учиме македонски, англиски и влашки“, со Захарица Порчу и „Ајде да учиме македонски, англиски и ромски“, со Љатив Демир. Овие мои лексикографски поатиг-нувања имаат посебен простор во мојата дејност.
Првото мое лексикогравско дело за деца и младинци е „Речникот во слики – Ајде да учиме англиски и германски“ (1997), „Македонска искра“, Скопје, објавено на 104 страници. Рецензенти на ова дело се: проф. Патрик Пелегрино, проф.Виолета Ајдинска-Папазовска и проф. Олга Тројачанец. Тоа е првиот речник во македонската тријазична лексикографија, во којашто се обработени зборови и термини со слики, како и речници за зборовите.

Второто мое лексикографско дело за деца и младинци е „Речникот во слики – Ајде да учиме англиски и француски“ (1997), „Македонска искра“, Скопје, објавено на 104 страници. Рецензенти на ова дело се: проф. Патрик Пелегрино, проф.Виолета Ајдинска-Папазовска и Жан Пол Батист.Тоа е првиот речник во македонската тријазична лексикографија, во којашто се обработени зборови и термини со слики и речници.

Третото мое лексикографско дело за деца и младинци е во коавторство со Лирија Реџепи, а тоа е „Речник во слики на албански јазик – Ајде да учиме англиски и македонски“ (1998), „Македонска искра“, Скопје, објавено на 104 страници. Тоа е првиот речник во македонската тријазична лексикографија, во којашто се обработени зборови и термини со слики, како и речници за зборовите.

Четвртото мое лексикографско дело за деца и младинци е во коавторство со Усние Шабан, а тоа е „.Речник во слики на турски јазик – Ајде да учиме англиски и македонски“, (1998), „Македонска искра“, Скопје, објавено на 104 страници. Тоа е првиот речник во македонската тријазична лексикографија, во којашто се обработени зборови и термини со слики, како и речници за зборовите.

Петтото мое лексикографско дело за деца и младинци е во коавторство со Љатиф Мефаилескоро Демир, а тоа е „Речник во слики на ромски јазик – Ајде да учиме англиски и македонски“ (1998), „Македонска искра“, Скопје, објавено на 104 страници. Тоа е првиот речник во македонската тријазична лексикографија, во којашто се обработени зборови и термини со слики, како и речници за зборовите.
Шестото мое лексикогравско дело за деца и младинци е во коавторство со Захарица Порчу, а тоа е „Речник во слики на влашки јазик – Ајде да учиме англиски и македонски“ (1998), „Македонска искра“, Скопје, објавено на 104 страници. Тоа е првиот речник во македонската тријазична лексикографија, во којашто се обработени зборови и термини со слики, како и речници за зборовите.

Текстови за речниците се објавени во поголем број различни портали во Република Македонија и кај македонското иселеништво во Австралија, САД, Канада и во Европската Унија.
Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН





