Речиси 700 јавни објекти ја трујат Македонија

Date:

„Шанса за Центар“ само во Скопје мапира над 100 јавни објекти – болници, градинки, училишта, касарни, судови… и други установи што користат нафта и мазут и покрај тоа што градот има централно парно греење.

Од тука велат дека мазутот е исклучително валкан енергент, но не е за потценување ниту екстра-лесното гориво, кое содржи многу повеќе сулфур отколку, на пример, највалканото автомобилско гориво – дизелот.

По мапирањето на главниот град, извршено е обележување и во цела Македонија и утврдени се речиси 700 такви објекти.

„Ако не сакаме да дишеме воздух што светските медиуми го опишуваат дека ‘мириса на изгорена пластика’, сега е шансата да се направи промена! Се подготвува новиот државен буџет за 2024 година, што е можност да се обратите до пратениците од секоја изборна единица и заедно да притискаме за повеќе пари за борба против загадувањето на воздухот! И општинските буџети се во подготовка, па нивното вклучување во борбата против загадувањето мора да е насочена кон веќе детектираните локални проблеми со воздухот од загревањето на општински објекти.

Во 2023 година не се направи промена на начинот на греење кај огромен број јавни објекти што се греат на нафта и мазут за да се намали загадувањето на воздухот во зима. Тие ќе продолжат да загадуваат и оваа зима и повторно ќе бидеме меѓу трите најзагадени земји во Европа“, велат од „Шанса за Центар“.

Според нив, нема град во Македонија кој во своето урбано јадро нема еден куп јавни објекти што го загадуваат воздухот.

Скопје води, но во незавидна положба се и граѓаните од Тетово, Куманово, Битола, Прилеп, Охрид, Штип, Гостивар… речиси никој не е поштеден.

„За загревање на овие објекти, и оваа грејна сезона може да се потрошат над 16,5 милиони литри нафта за греење и над 4,8 илјади тони мазут. Тоа и ќе го дишеме! За нивното загревање, за една сезона граѓаните преку буџетот на државата и на општините ќе платат над 20 милиони евра“, велат од „Шанса за Центар“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Потпечени таљатели со спанаќ и моцарела

Потребни состојки:250g таљатели500g спанаќ (може и замрзнат)125g моцарела80g пармезанМалку...

Фенербахче доби уште една битка со Олимпијакос, Асвел ја прекина победничката серија на Барселона

Кошаркарите на Фенербахче издвојуваа победа над Олимпијакос од 87:77...

Фото галерија: Како Битуше ги чува древните македонски традиции

Битуше е едно од последните села од Мијачкиот крај...

Чуден мирис на Роторуа во Нов Зеланд

Роторуа се наоѓа во Нов Зеланд, а станува збор...