РЕЧИСИ 500 МРТВИ ВО ВОЗДУШНИТЕ НАПАДИ ВРЗ ЛИБАН, ИЗРАЕЛ ВЕЛИ ДЕКА ЈА УНИШТИЛ ИНФРАСТРУКТУРАТА НА ХЕЗБОЛАХ

Date:

Најмалку 492 луѓе загинаа во вчерашните интензивни воздушни напади врз Либан, откако Израел започна воена акција против Хезболах. Илјадници семејства ги напуштија своите домови, додека Израел кажа дека погодил 1.600 цели на Хезболах во операција за уништување на инфраструктурата што оваа група ја изградила од војната во 2006.

Хезболах во исто време лансирал повеќе од 200 ракети кон северен Израел, при што се ранети две лица.

Светските сили повикуваат на воздржаност, додека иранскиот претседател Масуд Пезешкијан го обвини Израел дека сака да го вовлече Блиски Исток во општа војна.

„Иран не сака да биде причина за нестабилност на Блиски Исток, зашто последиците ќе бидат неповратни. Ние не сакаме војна. Израел е тој кој сака да создаде општ конфликт“, изјави Пезешкијан.

Либанското министерство за здравство кажа дека во вчерашните бомбардирања загинале и 35 деца, а 1.645 луѓе се повредени. Десетици села и отворени области на југот, северот и истокот на Либан биле гаѓани вчера. Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека притоа биле уништени десетици илјади ракети на Хезболах. Привремениот либански премиер Наџиб Микати ги опиша израелските воздушни напади како „геноцид во секоја смисла на зборот“, додавајќи дека повеќе од 26.000 луѓе избегале од своите домови.

„Понеделникот претставува значаен врв во речиси едногодишниот конфликт зашто уништивме десетици илјади ракети и прецизна муниција. Она што Хезболах го градеше 20 години беше уништено од израелската војска“, изјави Галант.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МНР ги повикува македонските граѓани да не патуваат во Либан, Израел и Иран

МНР со апел до сите македонски државјани веднаш да...

И ПО 29 ГОДИНИ НЕРАЗРЕШЕН АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ

На 3 октомври, пред 29 години, извршен е атентат...

Пезешкијан: Западните ветувања беа лажни, ќе одговориме на Израел

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан одржа состанок со политичките претставници...