Оваа погача е вистинско ремек-дело на чинија – колку повеќе зеленчуци и зачини додадете, толку повкусна станува
Состојки:
- 500 г брашно
- 2 лажички сол
- 1 сув квасец
- 450 мл вода
- 4 лажици маслиново масло
- 1 чешне лук
- рузмарин
- опционо за декорација: рузмарин, домат, маслинки
Приготвување:
Измешајте сол, брашно и квасец, а потоа додајте топла вода и маслиново масло. Оставете да отстои 2 часа на собна температура.
Намрсете плех и префрлете го тестото, а потоа премесете го и оставете го уште 30 минути на собна температура. Покријте го со проѕирна фолија и оставете го во фрижидер 24 часа.
Може да додадете рузмарин, маслинки и шери домати. Печете на 220 степени, 15-20 минути, односно додека добие златна боја.



