Доколку не сте љубител на месо или постите, денеска ви предлагаме рецепт за вкусен и брз ручек, кој е полн со витамини. Станува збор за мешавина од зеленчук запечен во рерна. Зеленчукот можете да го комбинирате по желба, треба само да го зачинете и да го испечете.
Состојки:
– 1 помал карфиол (може и брокула)
– половина праз
– грст боранија и грашок
– 2 свежи пиперки
– 2 моркови
– 1 компир
– 1 домат
– половина корен од целер
– маслиново масло
– 200 мл варени домати
Зачини:
– половина лажичка слатка мелена пиперка
– црн пипер
– 1 лажичка кари
– 1 лажичка сув зачин
– 1 лажичка лук во гранули
– малку магдонос
Подготовка:
Во помал сад измешајте ги зачините и сипете ги сите зеленчуци што ги исечкавте по желба. Измешајте со рацете. Додајте половина мал филџан маслиново масло (30 мл), па повторно измешајте. Плехот од рерната обложете го со хартија за печење, па во него сипете го зеленчукот и добро распоредете го.
По желба додајте уште малку масло одозгора. Потоа сипете ги сварените домати и печете во рерна на 220 степени околу 45 минути. Послужете топло.





