Ако барате лесно, здраво и неверојатно вкусно јадење – плескавиците од тиквици се вистинскиот избор!
Овој едноставен рецепт ќе ве воодушеви со својата брза подготовка и богатство од вкусови. Може да послужи како главно јадење или како совршен прилог со пире од компир, свежа салата или сос по ваш вкус.
Состојки:
- 2 јајца
- 2 лажици лебни ронки
- 4 лажици гриз
- 1/2 прашок за печиво
- малку масло
- сол и мелен бибер по вкус
- 1 лажица лук во гранули
- малку слатка пиперка
Приготвување:
- Изрендајте ги тиквиците, посолете ги и оставете ги да пуштат вода околу 10 минути. Потоа добро исцедете ги.
- Во исцедените тиквици додајте лебни ронки, гриз, лук во гранули, прашок за печиво, слатка пиперка и мелен бибер.
- На крај додајте ги јајцата и соединете сè во компактна смеса.
- Со лажица земајте од смесата, обликувајте плескавици и пржете ги во масло додека добијат златна боја.
- Извадете ги со решеткаста лажица и ставете ги на хартија за да се впие вишокот мрснотија.
Совршено јадење за секоја трпеза
Хрскави однадвор, меки и сочни однатре – овие плескавици од тиквици ќе ги освојат и најголемите љубители на месо. Нема да поверувате колку се вкусни сè додека не ги пробате!



