Рецепт за најсочна мусака, со тиквички и спанаќ

Date:

Мусаката кај нас обично се прави со компири и мелено месо, но пролетта е идеално време да пробате нешто поинакво. Пазарите и продавниците се преполни со разновиден зеленчук, па љубителите ќе бидат особено воодушевени од овој рецепт. Сега е сезона на тиквичките и на спанаќот, па ви предлагаме да ја пробате сочната мусака направена од овие два вида зеленчук. Додајте малку сирење и домати и ќе направите фантастичен ручек за целото семејство.

Состојки:

– 3 големи тиквички
– 4 домати
– италијански зачин
– маслиново масло
– босилек
– 150 грама спанаќ
– 4 лажици рикота
– 2 чешниња лук
– 200 грама моцарела

Подготовка:

Тиквичките исечкајте ги по должина, па ставете ги во огноотпорен сад и посолете ги. Оставете ги околу 10 минути. Исечете ги доматите на кругчиња, а потоа посолете, зачинете и посипете со италијанскиот зачин.

Тиквичките исушете ги со крпа, па наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Прелијте со маслиново масло и посипете со италијански зачин. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути. Спанаќот ситно исечкајте го, па се измешајте со сирењето рикота.

Добро соединете, па додајте мелено лукче, сол, бибер и италијански зачин и убаво измешајте. Земете огноотпорен сад, па по должина наредете ги тиквичките. Потоа премачкајте со смесата со спанаќ (половина од количината), па одозгора наредете половина количина од доматите. На крај ставете ја сечканата моцарела и покријте со уште еден ред тиквички. Премачкајте со сос од домати, па потоа другата половина од смесата со спанаќ и останатите домати. Повторно наросете со сечканата моцарела.

Намачкајте сос од домати и посипете со пармезан. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Е. Пелистер добро се намачи за да го победи Охрид

Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до победа над Охрид...

Кристал Палас направи чудо и го победи Манчестер Сити во англискиот ФА куп

Тоа беше ден кој засекогаш ќе живее во срцата...

Пјастри најбрз и на квалификациите на Имола

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, ја освои пол-позицијата пред...

Рецепт за домашен сок од јагоди кој се подготвува брзо и лесно

Во сезоната на јагоди кога пазарите ќе замирисаат на...