Рецепт за брза вечера: Ризото со печурки

Date:

Дали барате идеја за брза и вкусна вечера? Ова кремасто ризото со печурки ќе биде готово за помалку од половина час.

Ризотото комбинира печурки, кромид и крем за готвење, создавајќи совршено избалансиран оброк подготвен за кратко време.

Идеално е за брза вечера кога сакате нешто топло, хранливо и брзо.

Напомена: Рижото е србизам, додека правилно на македонски е ризото, како што всушност е и во оригинал на италијански. Доаѓа од италијанскиот збор risotto (ризото) бидејќи се прави од ориз (riso – ризо). Самото јадење потекнува од Северна Италија, односно од регионите Пиемонт, Ломбардија и Венето.

Потребни состојки:

  • 1 чаша ориз
  • 150 гр печурки
  • 1 мал кромид
  • 2 лажици крем за готвење (или малку путер)
  • маслиново масло
  • сол
  • бибер
  • магдонос

Подготовка:

Пржете го кромидот во тава на малку маслиново масло, потоа додадете ги исечканите печурки и пржете 3 до 4 минути. Додадете го оризот и две чаши вода или супа. Покријте и гответе додека водата не испари и оризот не омекне (околу 20 минути).

На крај, додадете го кремот за готвење, зачинете и наросете со магдонос.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

 Крем-чорба од праз и компири – вкусен домашен оброк

Топла, густа и хранлива чорба од праз и компири,...

Австралиски тинејџер е пронајден жив по шест дена во дивината

Тинејџер, кој шест дена се водел како исчезнат во...

ВИТКОФ И КУШНЕР ПОБАРАЛЕ ОД РУСИЈА ДА ПОДГОТВИ НОВ БЕЗБЕДНОСЕН ДОГОВОР СО ЕВРОПА

САД предложиле Русија да подготви нов нацрт-договор за безбедност...

Турците убедливо најбројни туристи во Македонија — нè посетиле речиси 28 илјади гости

Македонија во септември годинава ја посетиле 136.305 туристи, кои...