Ретка пеперутка македонска сивка нелегално се продава на интернет

Date:

Карпестите ридови на Плетвар се единствениот дом на редок вид пеперутка, стеноендемит наречен македонска сивка. Името потекнува од бојата на нејзините крилја – особина што ја користи за да стане помалку видлива за предаторите.

Последното истражување на терен, направено во 2012 година од тим на национални и меѓународни ентомолози, покажало намалување на популацијата на македонската сивка до 30%. Во студијата, 5 од 7 локации означени како дом на Сивката докажано е дека се претворени во каменоломи за мермер. Но, има уште еден, помалку видлив, непријател на оваа ретка пеперутка. За изненадување, доаѓа во форма на пријател – љубител на пеперутки. Посетителите кои на лето минуваат низ Плетвар, се воодушевуваат на природата и ја фотографираат, сепак, неретко ја ловат македонската сивка, а потоа, во форма на препариран трофеј, ја поставуваат на интернет за продажба. Во неколку европски земји има трговски друштва и веб-страници на кои може да се купи примерок од една од најретките и најзагрозените пеперутки во Европа за само околу 30 евра.

Тимот на Дома, заедно со соработниците од DW Europe, ги нарача овие примероци преку интернет и лабораториски го процени времето на нивното заловување. Во 2011 година, сивката станува заштитена со закон во Македонија, со што се забранува нејзиниот лов, шверц и продажба. Сепак, овој закон не се почитува.

Истражувањето за кој е одговорен за кршењето на овој закон и зошто на европските пазари за инсекти продажбата на овој заштитен вид е неказнета е основа на филмот „Природа на продажба“. Целиот проект е финансиран од European Journalism Fund.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија одигра уште еден одличен натпревар

Женската репрезентација на Македонија одигра реми со Словенија, 23-23. Нашите...

Верстапен на пол-позиција во Абу Даби

Коцките се фрлени за финалето на сезоната во Формула...

Нуклеарната електрана Запорожје остана без напојување, од Чернобил се шири радијација

Премиерката на Украина, Јулија Свириденко соопшти дека во ноќниот...

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ РЕИЗБРАН ЗА ЛИДЕР НА ВМРО-ДПМНЕ 

Христијан Мицкоски доби трет мандат од делегатите на 18....