Ресторан во Сараево “ги насамари“ медиумите во регионот: Мел Гибсон, сепак, не свратил на ќебапи

Date:

„Мел Гибсон пристигна во Сараево на преговори околу снимањето на филмот и веднаш отиде на ќебапи“ – вака гласеа повеќето од вестите што вчера ги пренесоа бројни регионални портали.

На оваа вест „кумуваше“ една објава на страницата на Инстаграм на тамошниот ресторан Брајловиќ – на фотографијата се гледа персоналот на ресторанот во друштво со „холивудска ѕвезда“.

„Во друштво со најголемата ‘фаца’ на Холивуд. Преговори за снимање на акционен сет кај нас, а Сејо (сопственикот на ресторанот) игра споредна улога. Останатите сè уште сме статисти и акробати. П.С. Само хејтерите ќе кажат дека ова е фотомонтажа и двојник“, пишува под фотографијата.

Беше јасно дека се работи за човек кој донекаде наликува на Гибсон, но дека не може да биде вистинска холивудска ѕвезда.

Сепак, некои паднаа во стапицата, а ресторанот доби бесплатна реклама и покажа маркетиншки вештини.

Дури и следбениците веднаш забележале за што се работи.

„Ако ова е Мел Гибсон, јас сум Бред Пит“, гласи еден коментар.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Ѓорческа „тргна“ со победа во Германија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска постигна победа во првото...

„Битка на половите“: Кирјос најави спектакл со најдобрата светска тенисерка

Били Џин Кинг и Боби Ригс го одиграле последниот...

ПСЖ со лекција за Реал Мадрид до место во финалето на Светското клупско првенство 

Европскиот шампион ПСЖ го реши победникот во полуфиналето на...

СОЛУНСКИТЕ БРАЌА СВЕТИ КИРИЛ И СВЕТИ МЕТОДИЈ (21)

ДЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЗБОР НА ТРУДОВИ“ НА...