Ресторан бара специфични вработени кои обично другите работодавци избегнуваат да ги вработат во угостителската индустрија.

– Го бараме најнекултурниот персонал во Ванкувер – пишува во огласот за работа во „Каренс дајнер“.

Ресторанот е дел од меѓународниот бренд познат по својот непослушен, груб и некултурен персонал.

– Мислите дека го имате она што е потребно за да бидете дел од овој ресторан? – пишува во огласот, во кој се нагласува дека апликации ќе прима до 21 мај.

– Можеш да ги оствариш твоите соништа и да добиеш плата за да им кажуваш на клиентите да одат по ѓаволите, да фрлаш менија и да бидеш дрзок и некултурен – пишува во огласот.