Дури девет закони ќе се менуваат во корист на американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка, кој за 1,3 милјарда евра ќе ги гради автопатите на коридорите 8 и 10д.

За Бехтел и Енка, кој власта го прогласи за стратешки инвеститор ќе се менуваат законите за земјоделско земјиште, експропријација, заштита на културно наследство, урбанистичко планирање, минерални суровини, работни односи, законите за шумите и за градење, а ќе се менува и законот што овозможи без тендер да му се даде на американско-турскиот конзорциум да ги гради автопатите.

Со законските измени, кои веќе утре ќе се најдат на дневен ред во Собранието, конзорциумот меѓудругото нема да плаќа данок, царина и акциза.

Најавата за законски измени предизвика лавина од негативни реакции на социјалните мрежи, а еве дел од твитовите: