Режисерот и оскаровец Мартин Скорсезе е продуцент на нова серија која ќе се снима во Србија

Date:

Познатиот режисер и оскаровец Мартин Скорсезе е ангажиран како продуцент на новиот документарно-фантастичен серијал „Светци“ кој се снима во Србија, пренесуваат српските медиуми.

Серијата ќе вклучува осум едночасовни епизоди и ќе ги истражува приказните на исклучителни мажи и жени кои ризикувале сè за да ја отелотворат најблагородната и најсложената суштина на човечкиот род – верата.

Креатор на серијата е Мати Лешем, која ја разви Мартин Скорсезе за Алтернативната телевизија Лајонсгејт. Сценариото го напиша Кент Џонс, а ќе го режира Елизабет Чомко.

Меѓународната авторска екипа веќе е во Белград, каде ќе се снима дел од серијата, но и на други локации во Србија.

Серијата „Светци“ премиерно ќе биде прикажана во ноември годинава на платформата Fox Nation.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Ѓорческа „тргна“ со победа во Германија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска постигна победа во првото...

„Битка на половите“: Кирјос најави спектакл со најдобрата светска тенисерка

Били Џин Кинг и Боби Ригс го одиграле последниот...

ПСЖ со лекција за Реал Мадрид до место во финалето на Светското клупско првенство 

Европскиот шампион ПСЖ го реши победникот во полуфиналето на...

СОЛУНСКИТЕ БРАЌА СВЕТИ КИРИЛ И СВЕТИ МЕТОДИЈ (21)

ДЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЗБОР НА ТРУДОВИ“ НА...