Се одиграа двата полуфинални натпревари во Лигата на Европа, а ниту една од екипите не направи недостижна предност пред реваншот.

 Дербито се одигра на стадионот „Алианц“ во Торино помеѓу Јувентус и Севиља, а дуелот заврши 1:1 со гол во 7-мата минута од судиското продолжение.

 Јусеф Ен-Несири погоди во 26. минута за водство на гостите од Андалузија, а за Јувентус стрелаше Гати во 97-мата минута.

 Вториот полуфинален натпревар заврши со победа на Рома од 1:0 против екипата на Баерн Леверкузен.

 Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше младиот Едуардо Бове кој во 63-тата минута стрелаше по одбиената топка од ударот на Абрахам.