Реал Мадрид триумфираше во Евролига, во драматична завршница, Серхио Љуљ погоди на три секунди пред крајот за победа над Олимпијакос од 79-78 и титулата број 11 во Европа.
Кошаркарите на Реал Мадрид повторно се вратија од мртвите и триумфираа на Ф4 турнирот во Каунас.
Олимпијакос беше подобар противник во најголемиот дел од финалето, имаше +6 (78-72) на нешто помалку од две минути до крајот, но „кралевите“ режираа уште еден кам-бек за паметење.
Херој беше ветеранот Серхио Љуљ кој погоди тежок шут за два на 3 секунди пред крајот и донесе победа од 79-78.
За Реал Мадрид ова беше титуалта број 11 во Европа.