Шпанскиот великан Реал Мадрид е претпоследниот четвртфиналист на Светското клупско првенство и тоа откако вечерва во Мајами ја доби дерби пресметката со Јувентус.
Избраниците на Чаби Алонсо славеа со минимални 1-0, резултат кој не ги отсликува вистинските случувања на теренот каде Реал доминираше, ја имаше топката во своите нозе, создаваше шанси, шутираше, меѓутоа Ди Грегорио беше на висина на задачата и спречи повисок пораз на калчолигашот.
Клучниот момент се случи во 54 минута кога по топката која ја испрати Александер Арнолд, младиот Гонзало Гарсија стрелаше со глава и ја продолжи фантастичната серија на турнирот.
Тој на сите досегашни средби има конкретен учинок, беше стрелец против Ал Хилал и Салцбург, додека забележа асистенција во соочувањето со Пачука.