РАСТЕ БРОЈОТ НА ТУРИСТИ: Турците најчести гости во Македонија

Date:

Во земјава во мај годинава се евидентирани 106.604 туристи, од кои 25,5 % биле домашни, а 74,5 % се странски, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во мај изнесувал 200.439, од кои 29,4 % се од домашните туристи, а 70,6 % од странските.

Во периодот јануари – мај 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 12,0 %, и тоа: кај домашните туристи за 2,6 %, а кај странските за 16,6 %.

Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 10,2 %, и тоа: кај домашните туристи за 8,8 %, а кај странските за 11,0 %.

Една третина од туристите или 23. 919 се од Турција, а близу 6.000 туристи дошле од Србија и повеќе од 5.000 од Германија. Над 2.000 туристи имало и од Грција, Бугарија, Словенија, Полска Холандија и од САД.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Очајна недела за Салах: Англичаните го ставија на столбот на срамот!

Сѐ одеше како подмачкано до минатата недела за Египќанецот.Фудбалерот...

Трогателна сцена од тренингот на Македонија: Обединети во тагата 

Во траорна и максимално непосакувана атмосфера, македонската фудбалска репрезентација...

Австралија дозна голема вест: Првиот пик од НБА драфтот сака да игра во Лос Анџелес на Олимпијадата

Иако Олимписките игри во Париз се практично завршени, а...

Немири во Кочани: Демолирано кафулето на сопственикот на кабаре „Пулс“

Инциденти на протестите во Кочани за трагично загинатите во...