Расправија на бугарски граѓани со македонската полиција на преминот Деве Баир

Date:

Неколку бугарски државјани денеска обидувајќи се да влезат  на граничниот премин Деве Баир со навреди и недолично однесување  реагираа на запирањето од страна на македонската  граничната полиција  која ги упати да чекаат во нивните возила. Заканувајќи им се на новинарите дека ќе им ја искрши камерата доколку ја снимаат расправијата, бугарскиот државјанин почна да се расправа и со новинарските екипи кои снимаа на преминот.

Групата е од околу 50 луѓе кои тргнале да го чествуваат раѓањето на Гоце Делчев на гробот во Скопје.

Македонската полиција ги упатуваше бугарските државјани кои чекаа за влез во Македонија да чекаат во колоната а МВР претходно извести дека системот на граничните премини е во колапс и се пропуштаат само итни случаи.

. Претходно Министерот за внатречни работи на Бугарија Демирџиев  извести дека околу 100  до 150 бугарски државјани се очекува да пристигнат во Скопје на одбележување на раѓањето на Гоце Делчев.

Според бугарското радио границата со Република Северна Македонија е затворена, а оние што ја напуштаат Бугарија се запрени на меѓу-просторот. Сообраќајот е затворен од околу 9.30 часот по бугарско време, а околу 100 луѓе во моментов чекаат да бидат пропуштени.

Првите патници за Скопје рано утрото ја минаа границата. Бугарската делегација утринава околу 5 часот и 30 минути пристигнала во РСМ, соопштија од царинскиот пункт Ѓуешево. Заедно со делегацијата се обиделе да влезат и новинари, но дел од нив биле вратени назад.

Бугарската делегација, предводена од вицепремиерот и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, се очекува да му оддаде почит околу 12 часот по локално време.

Снимката е од Виктор Стојанов од Фондација Македонија .

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ЕТНОГЕНЕЗАТА – ПОТЕКЛОТО НА ДРЕВНИТЕ (АНТИЧКИТЕ) МАКЕДОНЦИ (5)

ДЕЛ ОД АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЗБОР НА ТРУДОВИ“...

Дејвис Куп: Македонија загуби од Летонија, но обезбеди пласман во Втората Европска зона

Македонската Дејвис Куп репрезентација ја оствари главната цел на...

Германско финале во ЛШ: Магдебург по голема драма ја победи Барса

Магдебург се пласираше во финалето на Лигата на шампиони,...

Киноа-салата со печен сладок компир, авокадо и фета

Оваа салата е вистински фестивал на бои и вкусови...