Распишана потерница за Ива Михаилова, Судот ѝ одреди 30-дневен притвор

Date:

Основниот суд од Кочани денеска на Ива Михаилова ѝ одреди мерка притвор во траење од 30 дена, потврди за МИА претседателот на кочанскиот суд, Спиро Борисов. Како што информира тој, Михаилова го заработила притворот поради непочитување на претходно изречените мерки на претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за напуштање на државата.

Притворот за Ива ќе се смета од моментот кога ќе биде приведена.

Триесетдневниот притвор на Ива Михајлова ѝ е изречен на барање на ОЈО и по добиени известувања од полицијата и другите надлежни органи дека таа ја прекршила претходно изречената мерка на претпазливост во судски процес во кој таа е на обвинителна клупа за предизвикување сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот.

Младата кочанчанка се појави преку медиумите во Бугарија, по што беше утврдено дека на нелегален начин ја преминала македонската граница

Наводно во Македонија не ѝ биле овозможени соодветни услови за лекување, иако таа секојдневно можеше да се забележи во градот.

Министерството за внатрешни работи распиша потерница по Михаилова Ива (23) од Кочани, од татко Симеон и мајка Христина, двајцата од Кочани.

Како што се наведува во соопштението од МВР, лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на Основен суд Кочани за кривично дело по член 300 став 4 и член 297 став 3 од Кривичниот законик.

Ива Михаилова, која во Македонија е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, деновиве избега во Бугарија. Младата кочанчанка, која има и активно бугарско државјанство, се појави преку медиумите во Бугарија, по што беше утврдено дека на нелегален начин ја преминала македонската граница. Кочанскиот суд ѝ има изречено мерки на претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за напуштање на државата, но поради нивно непочитување таа денеска доби триесетдневен притвор, што ќе се смета од моментот кога ќе биде приведена.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во телевизиско интервју изјави дека таа нелегално ја напуштила државата и најави распишување меѓународна потерница.

„Се надевам дека нашиот источен сосед ќе се одважи да ги почитува меѓународните правила, Европската конвенција за човекови слободи и права, се она што значи нормална европска држава каква што Бугарија тврди дека е и суштински и е дел од семејството на ЕУ“, рече Тошковски во интервју за Сител.

Тоа Бугарија, вели тој, треба да го покаже со дела а не само со декларативни изјави.

Македонското МВР претходно соопшти дека таа нелегално излегла од Македонија и нелегално влегла во Бугарија.

„Преку заедничкиот контакт-центар со Република Бугарија извршени се проверки и од страна на бугарската гранична полиција, од каде што е добиена информација дека за наведеното лице нема евидентиран легален влез на територијата на Република Бугарија“, соопшти МВР.

Медиумите во Бугарија објавија дека Михајлова се наоѓа во Софија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Струга е нов лидер во ПМФЛ: Малески со мајсторија со глава ја урна Шкендија

Струга Трим Лум го доби дербито против Шкендија со...

Ландо Норис со пол-позиција во Бразил

Ландо Норис ја освои пол-позицијата за Големата награда на...

СОФИЈА НЕ ПРИФАЌА ЕВРОПСКИ МЕДИЈАТОР ВО ДИЈАЛОГОТ СО СКОПЈЕ

Нетипично е да има медијатор меѓу земја членка Европската...