Расел Кроу се соочува со злото во „Егзорцистот на папата“

Date:

За лаичката јавност, многуте тврдења за водење битка со сатаната и протерување демони од телата на опседнатите, спаѓаат во сферата на фикција. Но, Расел Кроу не е толку сигурен.

Актерот бил заинтригиран кога почнал да чита за животот на реалниот католички свештеник, отец Габриеле Аморт, кој во своите книги тврди дека извршил над 50.000 егзорцизми.

„Зад себе остави цел куп искуства. Мислам дека има десетина книги. Неговото патување навистина ме фасцинира“, вели 58-годишниот актер појаснувајќи зошто ја прифатил улогата.

Ликот што го глуми Кроу во хорор-филмот на „Сони“, со наслов „Егзорцистот на папата“, се заснова на книгите што покојниот свештеник ги остави зад себе, а во кои се опишани 36 години егзорцизми и други активности што тој ги вршел за Ватикан.

Иако многу од неговите религиозни врсници ја отфрлаат неговата практика, отец Аморт гордо се држи за својата титула главен егзорцист на Ватикан, која наводно му ја доделил папата.

Отецот Аморт починал во 2016 година, а приказната на филмот се базира на неговиот живот како главен егзорцист на Ватикан и неговата борба против силите на злото.

Приказната за истерување на ѓаволот почнува кога американска вдовица Џулија, која ја глуми ветеранката на хорор-филмовите – Алекс Есо, се вселува во стар замок во Шпанија со своите две деца и набргу тие добиваат повеќе отколку што се пазареле.

Реноваторите на домот влегуваат во запечатена просторија во подрумот и ослободуваат демон, кој го опседнува синот на Џулија, Хенри (го глуми Питер Десоуза Фегони).

Аморт има задача да го ослободи демонот од детето. Меѓутоа, за разлика од претходните егзорцизми, демонот се храни со сопствената вина и каење на егзорцистот.

Иако знае дека овој приказ на религиозна личност може да предизвика критики од некои, Кроу бил решен да се држи до записите на Аморт.

„Секој ќе има свое мислење, но ова се книги напишани од искуство во прво лице“, рече тој за „Ројтерс“.

Американските медиуми оценија дека новиот хорор-филм на Кроу го спојува натприродното со реалното за уникатно филмско искуство.

Расел Кроу и ѓаволот – кога реалното ќе се сретне со натприродното – филм за демонска опседнатост, истерувач на ѓаволот и заговор во Католичката црква.

Филмот пристига во кината во светот на 7 април.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ВРСКИТЕ ПО КОПНО И ПО ВОДА СО БРОДОВИ МЕЃУ ЦРВЕНОТО МОРЕ, МЕДИТЕРАНОТ И РЕКАТА НИЛ (9)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Николовска: Најавата за отуство на седницата на Уставниот суд е неизвршување на функцијата

Неизвршување на функцијата уставен судија се најавите за неприсуство...

Обвинение за три лица за палење на македонското знаме на Денот на албанското

За палење на македонското знаме на прославата на денот...

Мицкоски размислува за преземање на ЈСП од владата ако и натаму нема нафта

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата нема да набљудува...