Раперот Фифти сент фрли микрофон во публиката: Обожавателка заврши со повреда на главата

Date:

Во последно време публиката фрлаше разни предмети кон изведувачите, некои со мобилни, со пијалоци, некои со пиротехнички средства. Овој пат, познатиот рапер Фифти сент (50 Cent) ја смени улогата, па во бес, го фрли микрофонот од сцената и удри обожавателка во главата, пишува „Ти-ем-зи“.

Раперот настапувал во Лос Анџелес, а за време на настапот постојано му давале микрофони кои не функционирале. Според видеото кое стана вирално, може да се забележи дека раперот решил да се ослободи од микрофонот, па агресивно го фрлил кон публиката, при што повредил една девојка.

Според изворот на „Ти-ем-зи“, Фифти сент, не ја погодил девојката намерно, но таа не требала да биде во тој „забранет“ простор, толку блиску до сцената.

На социјалните мрежи брзо се проширија и фотографии од повредената девојка, со расекотина на челото и крвава крпа околу вратот. Истата вечер, девојката поднела пријава во полиција, меѓутоа констатирано било дека раперот го фрлил микрофонот кон неговиот тим во близина на сцената и случајно ја удрил жртвата.

Таа во полиција изјавила дека раперот ја погледнал директно пред да го фрли микрофонот, па сигурно знаел дека е таму. За среќа, раната ѝ е санирана во болница.

Инаку, Кертис Џејмс Џексон, попознат како Фифит сент (50 cent), моментално е на светската турнеја „Д фајнл лап тур„ („The Final Lap Tour“), на која слави 20 години од објавувањето на деби албумот „Get Rich or Die Tryin“, а на 17 октомври доаѓа во Загреб.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Познат распоредот на младата репрезентација: Прво гостување во Полска, потоа на домашен терен со Италија

Македонската репрезентација до 21 година, вчера ги доби противниците...

Алкарас изведе тениско лудило кое ќе биде кандидат за поен на годината

Карлос Алкарас не пронајде вистински противник во Андреа Вавасори...

Кирјиос: Лудилото со допингувани тенисери мора веднаш да запре!

Австралискиот тенисер со грчко потекло, Ник Кирјиос, даде изјава...

Жизел Бундхен доби трето дете, прво со седум години помладиот џиу-џицу тренер

Бразилската манекенка Жизел Бундхен (44) го роди своето трето...