Раперот Тори Лејнз осуден на 10 години затвор: Пукаше во колешка која е добитничка на „Греми“

Date:

Канадскиот рапер Тори Лејнз, чие вистинско име е Дејстар Питерсон беше осуден на 10 години затвор, по повеќе од седум месеци од пресудата за пукање во колешката – музичка уметница Меган Ди Сталион.

Судијата Дејвид Херифорд од Врховниот суд во Лос Анџелес му ја изрече казната на 30-годишниот рапер. Инаку, лани на 23 декември, поротата го прогласи Лејнз за виновен за носење наполнето и нерегистрирано огнено оружје во своето возило, напад со полуавтоматски пиштол и пукање со огнено оружје со крајно невнимание.

Раперот е осуден за застрелување на раперката и „Греми“-добитничка Меган Ди Сталион, која се здоби со повреди на стапалата по забава крај базен во Холивуд Хилс во јули 2020 година.

На пукањето му претходела расправија на којашто двајцата почнале да си ги напаѓаат музичките кариери, како што изјави таа пред Судот на двонеделното судење. На Меган Ди Сталион, родена како Меган Пит, ѝ требаше операција и четири дена престој в болница пред физикалната терапија да ѝ овозможи повторно да може да оди.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МЗТ Скопје со еден поен ја доби драмата против ТФТ и остана без пораз на теренот во домашното првенство

МЗТ Скопје Аеродром славеше на гостувањето кај ТФТ Скопје...

Формула 1 нема да се вози во Бахреин и Саудиска Арабија

Формула 1 донела одлука од безбедносни причини да не...

THE LIFE AND WORK OF THE DONOR ATANAS BLIZNAKOV – PART I (1)

INTRODUCTION BY PROF. ALEKSANDAR ANCHEVSKI PhD. The life of Atanas...

Посни рецепти: Колач со рендани јаболка

Потребни состојки: 3 јаболка, рендани ½ шолја шеќер 1 ќесичка ванилин шеќер 1...