Ракометната репрезентација на Македонија со Франција на Светското првенство.

Date:

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва со почеток од 20:30 часот ќе се сретне со Франција во последното коло од главната фаза на Светското првенство.

Избраниците на Кире Лазаров играат одличен Мундијал, до самиот крај ги задржавме шансите за пласман во четвртфиналето, тие навистина се мали, но ги имаме.

До почетокот на нашиот меч со Франција, веќе ќе ги знаеме сите калкулации бидејќи претходно ќе се одиграат преостанатите два натпревари од групата, Холандија – Австрија и Катар – Унгарија.

Франција е една од најсилните селекции во светот, тие атакуваат на шампионската титула, можеби олеснителна околност за нас е тоа што тие веќе го обезбедија првото место во групата, па не мора со полна сила да го играат вечерашниот меч.

Нашите ракометари синоќа имаа релаксиран ден, без интензивен тренинг со цел подобро да се рекуперираат по густиот распоред на досегашните натпревари.

„Франција заедно со Данска се едни од најдобрите репрезентации во последните 10 години. Ние нема што да загубиме. По пет исцрпувачки натпревари решивме да им дадеме одмор на момците. Ако нешто ни е потребно, тоа е силата. Да се обидеме да одмориме и да одиграме квалитетен натпревар колку што ќе ни дозволи ривалот. Тоа е една моќна репрезентација, која е добра во дуел, многу трча и има 16 добри ракометари и ротира во натпреварот. Ќе биде тешко да се спротиставиме, ќе побарам од моите играчи да немаат многу респект кон противниците, мора да се учиме да играме против поголеми селекции. Треба да се посветиме самите на себе и да веруваме во тоа што работиме. Ќе биде тешко да им парираме на Французите, но се надевам дека ќе нè потценат. Сепак, го знам нивниот начин на размислување, националниот дрес им е света и секој од нив ќе се бори до крај. Јас сум задоволен од моите момци, од нивната пожртвуваност и игра“, кажа Лазаров.

Во сите пет претходни натпревари македонските ракометари го даваат максимумот и гинеа на теренот, македонската јавност очекува така да биде и вечерва, без разлика на конечниот резултат.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија заврши шеста на Балканското младинско првенство

Машката репрезентација на Македонија до 19 години заврши како...

СИНЕР ГО ПОБЕДИ АЛКАРАЗ И ГО ОСВОИ ТРОФЕЈОТ НА ВИМБЛДОН

Јаник Синер претрпе тежок и болен пораз од Карлос...

Полицијата откри што точно се случувало со тројното убиство во Прилеп

Тројца загинати, меѓу кои и 13-годишно дете, е исходот...

На Божествена литургија во Охрид беше устоличен новиот митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Архимандритот Георгиј од денеска и официјално стана нов митрополит...