Ракометарките ја започнаа мисијата ЕУРО 2024!

Date:

Македонската женска ракометна репрезентација ја стартуваше мисијата ЕУРО 2024. Предводникот, Кристијан Грчевски и неговите избранички за време на ЕХФ недела ќе одиграат два пријателски натпревари против Австрија на гости (сабота и недела).

Националниот тим ќе биде комплетиран денеска, а последна ќе се приклучи Леонида Гичевска. И овој пат Грчевски има проблем со повредите, под знак прашалник се средниот бек Ивана Арсениевска и десниот бек Јована Кипријановска. Двете се неизвесни за пресметката со Австрија.

Во стручниот штаб се најавени промени, Елена Ѓорѓиевска покрај тоа што ќе игра, ќе биде и помошен тренер, улога која претходно ја извршуваа Едуарда Аморим и Ања Алтхаус.

Македонија на ЕП ќе игра во Дебрецин, а прв противник е Шведска, дуел кој се игра на 28. ноември, додека пак два дена подоцна следува мечот со Турција. На 2. декември нашите ракометарки групната фаза ќе ја затворат против домаќинот, Унгарија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ВМРО-ДПМНЕ: Судиите избрани од Зајас и Муртино сеуште слугуваат за СДС и ДУИ

Казните кои ги добија екс директорите Флориан Бесими и...

Левица: Од септември 2024 до мај 2025 владиното мени нѐ чини десетици милиони денари

Левица обвинува дека директорот на Службата за општи и...

Македонската амбасада во Пекинг го одбележа „Денот на сесловенските просветители”

Во македонската амбасада во Пекинг се организираше културен настан...

Црвениот крст одбележува 80 години од основањето

Црвениот крст на Македонија денеска одбележува 80 години од...