РАКОМЕТАРИТЕ ЈА СОВЛАДАА РОМАНИЈА И СО ТРИ БОДА ЈА ЗАВРШИЈА ГРУПНАТА ФАЗА НА ЕП

Date:

Машката ракометна репрезентација со гол во последната секунда ја совлада Романија со 24:23 на крајот на групната фаза на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка, завршувајќи ја со три освоени бода. Ова ќе ѝ донесе полесен пат кон следното Светско првенство, а малите шанси за продолжување на настапите на ова ЕП зависеа од резултатот на мечот Данска-Португалија.

Македонија одлично го почна натпреварот и по десет минути игра имаше водство од 4:0. Откако Романците го дадоа својот прв гол во 11. минута, мечот влезе во една постабилна фаза, во која Македонија имаше постојана предност, во еден момент и од пет гола.

Сликата на теренот не се промени многу и во второто полувреме. Романците постојано беа во позиција да ја бркаат предноста на Македонија и во 56. минута успеаја да израмнат за првпат на натпреварот.

Откако повеќе од шест минути беше без постигнат гол, Македонија имаше играч повеќе во последните две минути од мечот и повторно поведе на 50-ина секунди до крајот. Романија пак израмни со голот на седум секунди до крајот, но остана доволно време за брз противнапад, од кој поентираше Костески.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Силекс запиша планирани три бода, Шкендија Арачиново оствари историска победа во Кавадарци

Фудбалерите на Силекс стигнаа до втора победа во третото...

Феран Торес ја напушти Барса и потпиша за ПСЖ

Пари Сен Жермен објави дека ги обезбеди услугите на...

Тенкови поминаа низ Варшава, авиони летаа над градот, Полска го покажа новото оружје

Во услови на тековната руска инвазија на соседна Украина,...